ЗОИ: Австриецот Мајер го освои златото на олимпискиот спуст
Австрискиот скијач Матијас Мајер е победникот на олимпискиот спуст на ЗОИ во Сочи, кој успеа да го освои златниот медал со време од 2:06.23 минути. Сребрениот медал му припадна на Италијанецот Кристоф Инерхофер со заостанување од шест стотинки зад победникот, а бронзата ја освои Норвежанецот Кјетил Јансруд.
„Лудница, ова е најголемиот резултат што може да го оствари еден спортист. Пресреќен сум, кога сте на врвот, тоа е некое посебно чувство. Имав добри резултати и на тренинзите и знаев дека ќе извозам добра спуст трка. Сепак, не ни сонував дека ќе станам олимписки шампион“, изјави победникот Матијас Мајер.
Победата на Австриецот Мајер секако е сензација, ако се знае дека тој досега нема ниту еден триумф во трка од Светскиот куп во алпско скијање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа