Уште две недели Антиќ надвор од паркетот
Нашиот најдобар кошаркар Перо Антиќ ќе паузира уште две недели, поради повредата на стапалото. Ненавремената рехабилитација го оддалечи Антиќ од Ол Стар викендот, а лекарите истакнаа дека тој нема да се врати на паркетот се додека не биде комплетно фит за игра. По забраната од лекарскиот тим за настап на петочната сензација, неговото место на Ол Стар мечот ќе го пополни Мајлс Пламли.
- Тој не може да настапи на Ол стар викендот, но и за Атланта и така ќе биде уште недела или две. Процесот на рехабилитација напредува, но Антиќ нема да се врати на теренот додека не е потполно здрав. Тоа е советот на лекарите и сите се придржуваме до него, - изјавил Баденхолцер потврдувајќи дека паузата на Антиќ ќе заврши со најлошата варијанта од лекарското предвидување за мирување меѓу две и четири недели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа