ЗОИ: Швајцарецот Колоња го освои златото на скијатлонот на 30 км

 

Швајцарецот Дарио Колоња го освои олимпиското злато на скијатлонот на 30 км, одржан на патеката во Сочи.

Првите 15 километри кои се возеа во класичен стил победникот ги мина со време 36:04.9, а во втората половина на патеката која се возеше со слободен стил Колоња имаше време 31:39.6 и со вкупни 1:08.15,4 стигна до златниот медал.
 
Сребрениот медал му припадна на Маркус Хелнер од Шведска со само четири десетинки од секундата послабо време од новиот олимписки шампион.
 
Норвежаните и на вториот натпреварувачки ден од Олимпијадата продолжуваат да освојуваат медали. Денеска во машкиот скијатлон бронзен медал освои Мартин Сундби со вкупно време 1:08.16,8.

Швајцарецот оваа титула ја додаде на светското злато од шампионатот одржан минатата година.

09.02.2014 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега