МЗТ Скопје по седми пат триумфираше во Купот на Македонија
Кошаркарите на МЗТ Скопје по седми пат успеаа да триумфираат во кошаркарскиот Куп на Македонија, откако во финалето во Охрид ја совладаа Лирија со 76:73. По четвртини 16:14; 26:16; 18:18 и 16:25.
Кај тимот од Аеродром дури четворица забележаа двоцифрен број на поени: Тодор Гечевски 16, Ѓорѓи Чековски 15, Кејд Дејвис 14 и Иван Маринковиќ 14, при тоа овој играч забележа и 12 скокови.
Кај Лирија пак најдобар беше Бојан Трајковски со 16 поени, а веднаш зад него со реализација од 11 поени се најде Колс и со 10 Немања Јелесиевиќ.
За МЗТ Скопје Аеродром ова беше трет триумф во низа во куп-натпреварувањето со што ја потврди доминацијата во македонската кошарка во последниве три години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа