Кривични за навивачите кои дивееја и направија хаос во Борис Трајковски

 

Полицијата денеска презема мерки за расветлување на вчерашните инциденти од страна на навивачката група Комити.

Според податоците, приведени се седум лица, меѓу кои повеќето се малолетници. Се работи за  18-годишниот Д.Т. 18-годишниот  Г.К. 17-годишниот Б.М. 17-годишниот Д.Т. 15-годишниот Н.С. 16-годишниот  С.Т. 16-годишниот А.Б. кои чера нападнаа малолетници и демолираа автобус.

За нарушувањето на јавниот ред и мир кое се случи за време на самиот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“, од МВР информираат дека на седум лица им се издадени платни налози и тоа: на Г.Н. (36), Н.П.  (24), Х.К. (25), К.Н. (17) и Б.Ѓ. (18) - по два платни налози за сторени прекршоци  од Закон за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари и  на П.Д. (19) - еден платен налог за сторен прекршок на М.К. (27) - два платни налози за сторени прекршоци

За потсетување, навивачите направија хаос. Тие фрлаа со камења на теренот, а потоа еден од нив повреди и полициски службеник во пределот на главата на натпреварот помеѓу РК  „Вардар“ и РК „Динамо Минск“.

10.02.2014 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега