Во Сочи доминираат холандските лизгачите
Сетот медали наменет за најдобрите лизгачи на 500 метри на Зимската олимпијада во Сочи патува за Холандија.
Холандските натпреварувачи ја потврдија својата доминација кога во прашање е брзото лизгање.
Златото го освои Михаел Мулдер кој во финалето беше подобар од сонародникот Јан Смекенс, додека нивниот брат близнак Роланд Мудлер се закити со бронзениот медал откако во „малото финале“ беше побрз од Тае Бум То од Јужна Кореја.
Ова е вторпат во историјата на ЗОИ браќа близнаци во една трка да освојат медали, откако Американците Стив и Фил Мер ги освоија златото и среброто на слаломската трка на Олимпијадата 1984 година во Сараево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа