Повторно ограбена поштата во Катланово: Вработената во несвест, крадецот ги земал парите и избегал
Засега непознат сторител утринава ја ограбил поштата во Катланово. Според податоците од полицијата, грабежот се случил околу седум часот кога крадецот влегол во поштата и со закана со нож, ги побарал парите од 63-годишната Б.М. која во моментот била на смена.
Жената од шокот се онесвестила, а крадецот ги собрал парите и заминал во непознат правец. По кратко време, вработената која лежела на подот ја забележал друг вработен кој дошол на работа, па веднаш ја однел во болница и случајот го пријавил во полициска станица.
Ова не е прв пат да биде ограбена поштата во Катланово. Минатата година во месец јануари крадец влезе во поштата, а и тогаш се случи истото, вработената се онесвести, а крадецот си замина со торби полни со 331.000 денари.
Овојпат, крадецот однел 400.000 денари.
Полицијата работи на расветлување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа