Побрзајте набавете си билет за мечот РК Вардар-Вакер Тун

За сите симпатизери на ракомоетот, сега имаат можност да си набават билет за мечот на РК Вардар со Вакер Тун, дуел кој ќе се игра на 16 февруари, во недела во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, кој е закажан со почеток во 18:00 часот. 

За сите љубители кои ќе имаат желба да го проследат и вториот дел на Вардарци во ЛШ, меч кој ќе го играат на домашен терен, еве на кој начин можат да ги набават влезниците. 

• Влезници од 150 денари (Блок: Б4, Б5, Б6, Б7, Б8, Б9,Б10, Б11, Б12, Б15)

• Влезници од 250 денари (Блок: М1, М2, М3, М4, М7, М8, М9, М15).

• Двата вида влезници за натпреварот РК Вардар – Вакер Тун, можете да ги купите во продажната мрежа на МКтикетс.

• Продажните салони на ONE низ Македонија (Скопје: Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, Веро Центар, Скопје Сити Мол; Куманово; Тетово; Гостивар; Битола 01; Охрид; Струга; Неготино; Кавадарци; Прилеп; Штип;Велес; Кочани; Струмица; Гевгелија)

• Продажните салони на Office Plus во Скопје

• Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат)

11.02.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега