Зоран Мартич останува во МЗТ Скопје и во 2014
Стратегот на клупата на МЗТ Скопје Зоран Мартич и во наредната година 2013/2014 ќе го води аеродромскиот клуб, откако и двете страни потпишаа нов договор. И од клубот истакнаа дека се задоволни од работата на Мартич и дека и во наредниот период очекуваат успеси на клубски план.
Мартич дојде во македонскиот кошаркарски шампион на почетокот на декември минатата година и со тимот на МЗТ Скопје Аеродром оствари скор од 5 победи и 4 порази во АБА лигата, а го одбрани и трофејот во Купот на Македонија кој се одржа во Охрид.
11.02.2014 - 12:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа