ФОТО: Кој фудбалер напиша порака за Шумахер на своите копачки?

Германскиот напаѓач на Арсенал,Лукас Подолски, во знак на поддршка за седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, на своите копачки напиша порака за негово побрзо оздравување.

- Бори се Михаел! Оздрави брзо, гласи пораката која стои на копачките на Подолски.

Оваа фотографија со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи и стана вистински хит.

За потсетвање, Шумахер по несреќата на француските Алпи и понатаму е во вештачка кома и се бори за живот. Докторите се загрижени бидејќи иако еднаш на кратко ги отвори очите, не реагира на тестовите за рефлекси.

11.02.2014 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега