Скопјанец го наполнил возилото со мигранти, бегал од полицијата, па го бутнал автомобилот во провалија

 

Царинската управа повторно спречи превоз на нелегални мигранти. Според информациите, синоќа околу еден часот по полноќ, на патниот правец Гевгелија-Неготино царинските службеници се обиделе да сопрат патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки, но возачот скршнал од автопатот при што продолжил да се движи со голема брзина по стариот пат Градско-Велес.

Откако полицијата се бркала половина час со возачот, возилото нагло запрело на нагорнината по што возачот излегол и побегнал, оставајќи го возилото неконтролирано да се движи наназад при што со задниот дел удрило во службеното царинско возило, по што го сменило правецот на движење и излетало од патот, а во тој момент од возилото почнале набрзина да излегуваат девет лица, странски државјани, со потекло од Пакистан, Сирија и Авганистан.

По разговорите со нив, е откриено дека тие се обидувале од Грција, преку Македонија и Србија да заминат кон западноевропските земји.

11.02.2014 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега