Скандал во женски фудбалски тим- фудбалерките всушност биле мажи
Фудбалскиот сојуз на Иран одлучи да воведе тестирање на полот откако откри дека некои од главните фудбалерки во лигата, но и четири репрезентативки се всушност мажи.
Инспекторите ќе спроведуваат ненајавени тестирања, по пат на случаен избор, а оние кои нема да можат да докажат дека се 100 проценти жени, ќе бидат избркани од натпреварувањето.
Операциите за промена на полот во Иран се законски дозволени од 1979-та година кога ајатолах Рухолах Хомеини издаде верски закони според кои тоа е дозволено.
11.02.2014 - 13:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа