Малолетник го ограбил основното училиште во Чашка - еве ги деталите

 

Полицијата од Велес го расветли случајот со кражбата во основното училиште "Тодор Јанев" во Чашка. 

На 17 минатиот месец 17-годишен малолетник влегол во училиштето, ја скршил вратата од канцеларијата на наставниците и украл лап-топ компјутер, а потоа истиот за 500 денари го продал на лице од Велес.

Лап-топот е вратен кај оштетените.

11.02.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега