Македонија и Албанија ќе брендираат земјоделски производи
Федерацијата на фармерите на Република Македонија денеска во Струга одржа работилница за компаративна анализа и мапирање на традиционални производи во рамките на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“.
Како што истакна претседателот на Албанскиот земјоделски совет Енвер Феризај, размената на стоки помеѓу Република Македонија и Република Македонија не е на задоволително ниво, така што идентификувањето на дел од земјоделските производи на двете страни ќе ја поттикне оваа размена.
- Преку овој проект ќе се поттикне соработката меѓу земјоделците кои доаѓаат од двете земји, од Македонија и од Албанија. Македонските земјоделци се чекор понапред од албанските, така што искуствата во оваа област ќе бидат од голем корист за руралниот развој во Република Албанија, истакна Феризај.
Андрија Секуловски, претседателот на Федерацијата на фармерите на Република Македонија, вели дека се зборува за неколку производи од овие региони како што тоа се јаболкото, гравот, кромидот, пиперката, лукот, грозјето, смоквата, сливата и други.
-Сакаме овие производи да бидат посакувани од нашата целна група а тоа се потрошувачите и тие производи да имаат своја додадена вредност за која истата треба да има профитабилно земјоделско стопанство, рече Секуловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа