Градоначалниците ќе се запознаат со новата кредитна линија од ЕБОР
Претставниците на локалната самоуправа денеска ќе се запознаат со новата кредитна линија на Европската банка за обнова и развој, WeBSEFF 2, од Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан.
Пред градоначалниците ќе бидат презентирани кредитните линии за финансирање проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија за кои можат да аплицираат општините и другите заинтересирани лица од јавниот сектор.
На промоцијата ќе учествуваат претставници на Европската банка за обнова и развој, министрите за економија и за локална самоуправа, Ваљон Сарачини и Тахир Хани, како и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Коце Трајановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа