Шешељ изолиран од другите затвореници

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, кој на 18-ти декември беше опериран од рак на дебелото црево, со денови е изолиран од другите затвореници.

- „Во текот на терапијата, која траеше три дена, Шешељ немаше никакви потешкотии ниту компликации. Добро ја поднесе терапијата. Но, еден ден пред да излезе од градската болница во Хаг, еден од притворските доктори рекол дека следните недели ќе биде во изолација во притворската болница, поради наводната опасност која ја носи за останатите затвореници. Шешељ не доби писмена одлука за тоа и не знае дали воопшто постои такво нешто“, рекол потпретседателот на српската радикална партија, Немања Шаровиќ.

Според него, причините за изолација се длабоко политички и нехумани.

12.02.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега