Потресна исповед на вработената во поштата во Катланово: "Со нож ми се закануваше дека ќе ме убие ако не му ги дадам парите"
Вработената во поштата во Катланово која пред два дена повторно беше ограбена, си ја отвори душата и раскажа за хоророт низ кој поминала кога кредецот влегол додека таа била на смена и со закана со нож и ги побарал парите. 63-годишната Божана Маневска за Дневник, раскажува дека крадецот силно ја удрил по што таа паднала на подот и се онесвестила.
- Ми рече ќе те убијам ако не ми ги дадеш парите и со дршката од ножот со сета сила ме удри по десната рака. Од чантата ги зедов клучевите од сефот на поштата, го отворив и потоа силно ме удри по тилот. Повеќе ништо не се сеќавам, вели вознемирената жена за Дневник.
Таа раскажува дека во поштата разбојникот влегол само што пристигнала. Ја погледнал и и се обратил со зборовите Каде си стара пријателке, по што го извадил ножот, а таа се стаписала.
- Сега имам болки по раката и главата. Со рачката од ножот ме удри и ми се закани дека ќе ме убие. Јас се исплашив и додека го отворав сефот си велев „Господе, само да останам жива“. Потоа силно ме удри по тилот и веќе не се сеќавам на ништо, додава преплашената Божана.
Божана 33 години работи во истата пошта. Вели оти никогаш немало чувар, ниту аларм. Но по ова разбојништво категорична е дека нема повеќе да се врати на работното место.
- Нема аларм ниту чувар. Работев сама. Затоа апелирам кој и да дојде сега на моето работно место да бара да му донесат чувар оти Kатланово е опасно место за живеење. Селото е фреквентно, а полиција нема,вели Божана, за Дневник.
Ова не е прв пат да биде ограбена поштата во Катланово. Минатата година во месец јануари крадец влезе во поштата, а и тогаш се случи истото, вработената се онесвести, а крадецот си замина со торби полни со 331.000 денари.
Овојпат, крадецот однел 400.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа