НБА: Мајами и Оклахома со триумф над Феникс и Портланд
Седум натпревари се одиграа во изминатата ноќ во НБА лигата, а вечерта ќе биде запаметена по шоуто на Леброн Џејмс и Кевин Дурант.
Леброн го предводеше Мајами во победата од 103:97 во мечот со Феникс Санс.
Во 36 победа за „Жешките“ Леброн постигна 37 поени и девет скока, а веднаш зад него со реализција од 21 поен и осум скока се најде Крис Бош. Во противничкиот табор Џералд Грин реализираше 26 поени и пет скока.
Кевин Дурент беше јунак на победата на Оклахома против Портланд со 36 поени и десет скокови, додека Реџи Џексон запиша 17 поени, шест скокови и пет асистенции. Кај противникот Николас Батум имаше 18 поени, еден повеќе од Робин Лопез кој имаше и 14 скокови.
Резултати на останатите НБА средби:
Шарлот – Далас 114:89
Кливленд – Сакраменто 109:99
Чикаго – Атланта 100:85
Вашингтон – Мемфис 89:92
ЛА Лејкерс – Јута 79:96
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа