Купувал дрога од Романија па ја препродавал - конечно фатен диџеј од Скопје

 

Полицијата во СКопје конечно го фати 32-годишниот Б.Т.  кој купивал и препродавал дрога.

Според податоците од полицијата, пријавениот во текот на минатата година од Република Романија каде работел како диџеј, за сума од 500 евра набавил 100 парчиња синтетичка халуциногена  дрога ЛСД, во форма на картонски перфорирана сликовница со апликации “Човек на точак 1943“ и “Алберт Хофман“. Така набавената синтетичка дрога, Б.Т. нелегално ја внел во Република Македонија и ја чувал во својот дом за натамошна препродажба.

Со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници од Единицата, извршен е претрес во домот на Б.Т. при што се пронајдени 60 хартиени маркици синтетичка дрога ЛСД и други непознати растителни и прашкасти материи, кои се предадени за вештачење.

12.02.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега