Новинарите му биле криви на Дамјановски - телефонот не го продава

 

Олимпиецот Дамјановски ги обвини новинарите дека не известувале како што треба откако беше пренесен неговиот статус на Facebook каде тој сам напишал дека го продава мобилниот телефон, Samsung Note 3 кој му беше даден како подарок од организаторот на Олимписките игри во Сочи. 

„Значи ова новинарите што го пишуваат нема ништо точно телефонот не се продава но има многу други кои ги продаваат па така да нашиве новинари не знаат ништо паметно да пишат или ад се јават да ме прашаат како течат игрите тие пишуваат глупости. Значи телефонот на Дарко не се продава и нема цена некоја да го плати. Поз од Сочи“

Како ребало новинарите да го разбеат Дарко најверојатно знае само тој самиот.

Инаку најискусниот од тројката македонски олимпијци во Сочи, Дарко Дамјановски кој по третпат учествува на ЗОИ, во вторникот се појави во квалификациите во спринт и стартуваше како последен 86, а на крајот го освои 78-то место. Нејасно е што би го прашал некој новинар по овој успех, кога успеа да остави дури 8 скијачи зад себе.

Сепак тоа е Олимпијда а мотото е „важно е да се учествува“

 

 

 

12.02.2014 - 21:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега