Кастратовиќ: На тренинзите работевме одбрана во пресрет на мечот со Митјиланд

 

Тренерот на македонскиот женски ракоеметен шампион Вардар, Индира Кастратовиќ на денешниот прес, истакна дека во последните неколку дена во подготовките за средбата со Митјиланд, работеле на поактивна игра и подобрување во делот на одбраната. 

- Оваа недела работевме на подобрување на одбраната. Воедно на „моите девојки“ им напомнав дека одбраната е клуч за победата. Митјиланд или поранешен Икаст е квалитетен состав. Завршија на првото место во првата групна фаза. Нам добро ни е познат квалитетот на данскиот ракомет. Ние на претходните два натпревара не покажавме се, а верувам дека во следните натпревари ќе играме подобро и подобро, истакна Кастратовиќ.

Престојниот меч со Митјиланд во третото коло од фазата во ЛШ претставува значаен натпревар за тимот на Вардар, за остварување на пласман на првите две места во групата. 

На првите два дуела Вардар СЦБТ има победа над Турингер и реми со Савехоф со што освои вкупно три бодови.

Натпреварот ЖРК Вардар СЦБТ – Митјиланд ќе се одигра в сабота од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

13.02.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега