Средба Груевски-Ховит: За Македонија е значајна поддршката од европските институции

 

На средбата со премиерот никола Груевски и известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит   било разговарано за европските интеграции на Република Македонија, за реформите и мерките кои се превземаат во насока на исполнување на пропишаните стандарди, како и за целината на интегративниот процес на државата.

Соговорниците се согласиле дека позитивниот извештај и петтата по ред препорака за преговори со Европската Комисија преставува позитивен сигнал во приближувањето кон Европската Унија и потврда за сработеното на тој план.

Премиерот Груевски истакнал дека за државава е значајна поддршката која се добива од европските институции и воедно му се заблагодари на известувачот Ховит за посветеноста и ангажираноста на Европскиот Парламент во контекст на продолжување на напредокот. Премиерот Груевски потенцирал дека државата активно работи на подобрување на процесите и исполнување на нотираните забелешки во последниот извештај на Европската Комисија посочувајќи дека Република Македонија останува целосно подготвена да премине во следната фаза од пристапниот процес. Премиерот Груевски го информирал Ховит и за активностите и мерките кои се превземаат на полето на економијата, инвестициските вложувања и поттикнување на трговската размена.

Премиерот Груевски ја изразил отвореноста и подготвеноста на македонската страна да разговара за надминување на единствената пречка во евроатланските интеграции на државата спорот за името, притоа додавајќи дека е корисна и добредојдена ангажираноста и поддршката на Европската Унија и сите оние кои активно може да придонесат во изнаоѓање на прифатливо решение.

Ховит го поздравил напредокот на Република Македонија, како и мерките кои се преземаат за исполнување на критериумите на планот на евроинтеграциите, изјавувајќи дека треба да се продолжи со нивната доследна имплементација следејќи ги препораките кои се добиваат за нивно ефикасно реализирање. Тој ја нагласил поддршката која Република Македонија ја има од Европскиот Парламент за надминување на предизвиците потенцирајќи дека е потребно да се искористат сите прилики кои би довеле до решение на единствената пречка за интегративните процеси на државата, спорот со името.

 

13.02.2014 - 18:48
Фото: 
кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега