Плушченко стави крај на својата кариера- поради повреда се повлече од ЗОИ
Поради повреда олимпискиот вицешампион во уметничко лизгање Евгениј Плушченко мораше да се откаже од понатамошното учество на Игрите во Сочи.
“Ја завршувам кариерата тука. Годините ми дозволуваат да продолжам, но 12 операции се премногу”, изјави Плушченко кој е еден од светски најпознатите лизгачи на сите времиња.
Триесет и едногодишниот Плушченко на стартот на Игрите во Русија освои златен медал во тимската конкуренција, а во четвртокот доживеа пад при загревањето.
Русинот во својата кариера освои златен медал на Игрите во Торонто во 2006-та година, а четири години подоцна во Солт Лејк Сити беше втор зад Американецот Иван Лајсачек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа