Норвешка за 2022-та година доколку биде организатор планира скромни Игри
Засега норвежаните важат за најдобри кандидати за организатори на Зимските олимписки игри во 2022-та година, а планираат скромен буџет од 3,4 милијарди долари за ова. Со таква ценатие ќе бидат повеќе од десет пати поефтини од ЗОИ во Сочи, кои се проценуваат на 50 милијарди долари.
Бјорн Дели, кој има освоени 12 олимписки медали, целосно ја поддржува понудата на Скандинавците.
Тој предлага Игрите да се одржат во близината на Осло, а натпреварувањата во алпските дисциплини во планините кај Лилехамер, каде што најдобрите зимски спортисти веќе се натпреваруваа во 1994-та година.
„Претставуваме исклучително ефтин концепт, меѓутоа ние пред се планираме да се потпреме на ентузијазмот на луѓето од нашата земја“, изјави норвешкиот член во редовите на Меѓународниот олимписки комитет Герхард Хајберг.
Освен градот Осло, домаќини на ЗОИ 2022-та година имаат желба да бидат Лвов од Украина, Алмаата од Казахстан, Пекинг од Кина и Краков од Полска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа