Канадска компанија ќе инвестира во Охрид - отворање на нови 200 работни места
Канадска компанија е заинтересирана да инвестира во Охрид, информира градоначалникот Никола Бакрачески.
Како што најави Бакрачески, наредната недела ќе се одржи состанок на кој ќе се разговара за изградба на капацитет во кој во првите три години би се вработиле 200 лица.
Вчера Охрид го посети министерот за образование Спиро Ристовски, кој информираше дека во текот на наредните неколку дена ќе стартува реконструкцијата и санацијата на објектите во рамките на охридската касарна кои ќе бидат наменети за потребите за Универзитетот „Свети Апостол Павле“.
Според предвиденото, Универзитетот треба да се пресели во сегашната касарна за околу една година. Според Бакрачески, универзитетскиот кампус отвора широки хоризонти за странски инвестиции, особено на оние компании кои имаат потреба од обучени кадри во областа на информатичките технологии, компјутерскиот инженеринг и програмирањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа