Стадион на Бешикташ ќе произведува електрична енергија
Новиот стадион на „Бешикташ“, кој важи за еден од најдобрите фудбалски клубови во Турција, отсега ќе има сопствени соларни генератори што ќе произведуваат електрична енергија не само за сопствените потреби, туки и за продажба, објави турскиот информативен сајт Ворлд булитин.
“Стадионот Водафон Арена има голем број иновации како производство на електрична енергија со соларни панели, можност за собирање и користење на дождовницата и употреба на еколошки гасови во системот за вентилација”, изјави претседателот на Бешикташ Фикрет Орман на промоцијата на новиот стадион во Истанбул.
Се очекува Водафон Арена да произведува 500 киловати електрична енергија за задоволување на сопствените потреби, а вишокот ќе биде наменет за продавање на пазарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа