Статистика: Минатиот месец намалени трошоците на живот

 

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, трошоците на живот во јануари се намалени за 0,1 процент, а цените на мало зголемени за 0,2 проценти во однос на декември минатата година.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 4,9 отсто, стаклените садови, кујнски прибор и друга опрема за домаќинствата за 3,9 отсто, обувките за 3,8 отсто, услугите за сместување за 2,5 отсто, апаратите за домаќинстата за 0,9 отсто, облеката за 0,6 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,5 отсто и резервни делови и опрема за сопствен превоз за 0,2 отсто, додека од друга страна, пораст на трошоците на животот е забележан кај зеленчукот за 1,4, киселото млеко за 0,7, конзервираната риба за 0,5, сувото овошје и други прехранбени производи за 0,4 и преработките од млеко за 0,3 проценти.

Во споредба со јануари 2013 година, трошоците на живот се зголемени за 0,9 проценти, а цените на мало бележат пораст од 0,8 отсто. 

14.02.2014 - 14:53
Фото: 
фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега