Вардар и Металург ќе си ги одмерат силите
Двата најдобри македонски ракометни колективи Вардар и Металург денеска ќе ги играат своите натпревари од 9. коло во Лигата на шампионите.
Во рамките од Д групата, македонскиот вицепрвак Металург ќе гостува во Белорусија на мегдан кај Динамо Минск во дуел кој ќе започне од 14 часот.
Шампионот Вардар пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје од 18 часот ќе го започне натпреварот против Вакер Тун од Австрија.
Вчера во дербито од ова коло, Барселона на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров славеше убедлива победа против ПСЖ со 38:28 и го осигура првото место во оваа група.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа