Вардар лошо ги започна подготовките во Анталија

 

Фудбалскиот шампион Вардар на подготовките во Анталија не го почна во најдобро светло. По поразот од Пандури, и нерешениот резултат со Ганзасар, Вардар не успеаа да триумфира ниту со Спартак Мијава. 

Сепак пострашното е тоа што „црвено-црните“ покрај тоа што ги губат мечевите, ги губат и играчите. 

Имено најтрофејниот клуб остана без двајца голмани, откако по повредата на голманот Костадин Захов, црно му се пишува и на Игор Паволивиќ кој имаше незгоден судар со еден од противничките играчи, а дополнителните лекарски прегледи ќе утврдат дали станува збор за пукнато ребро.

Подоцна во текот на мечот повреда заработи и Раденко Бојовиќ, кој издржа 55 минути, но, сепак, го напушти теренот и беше заменет со Таневски.

18.02.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега