Вардар триумфално во СЕХА лигата против Татран
Македонскиот првак Вардар ја оствари првата победа во дуелите со екипата на Татран Прешов во регионалната СЕХА лига.
Во дербито од 13.коло на СЕХА лигата одигран попладнево во Словачка ракометарите на Вардар славеа победа над Татран Прешов со 29:27.
Вардар одлично го започна натпреварот, а во 24 минута имаше и четири гола предност 12:8, за на полувремето да замине со позитива од два гола 15:13.
Во првите 10.минути од вториот дел црвено-црните постигнаа само еден, а примија пет голови по што домашниот состав на Татран дојде до предност од два гола (18:16).
Предводени од голманот Петар Ангелов и неговите 9 одбрани, Вардар во продолжението од натпреварот ја врати позитива во своја полза и на крајот се радуваше на победа со конечни 29:27.
Најефикасен во редовите на македонскиот првак беше Тимур Дибиров со 10 постигнати голови. Игор Караџиќ постигна 5, а Матјаж Брумен реализира 4 гола.
Вчера ракометарите на Металург беа поразени од Мешков Брест со 27:24 на гостувањето во Белорусија.
Табела: Загреб 34 бодови (14 натпревари), Татран Прешов 33 (14), Вардар 28 (13), Мешков Брест 27 (13), Металург 25 (13), Војводина 15 (13), Борац 12 (14), Нексе 11 (13), Ловќен 11 (15) и Партизан 3 (14).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа