„Пропуштивме иделани шанси на почетокот“ - Венгер се вади за поразот од Баерн
Тренерот на Арсенал Арсен Венгер, оправдувајќи го поразот од германскиот тим Баерн Минхен во ЛШ иобјасни дека неговиот тим бил подобар противник во почетокот на мечот велејќи дека неговиот тим шансата за позитивен резултат ја пропушти во почетните минути.
- Одлично го започнавме натпреварот. Во првите 15 минути требаше да дадеме три гола. Не успеавме да реализираме и подоцна бевме казнети. Секоја екипа па така и Баерн има свои слабости и ќе се обидеме нив да ги искористиме во реваншот во Минхен. Тоа ќе биде тешко, но не се откажуваме без борба, истакна Венгер.
„Топџиите“ синоќа на домашен терен со 2:0 го загубија првиот дуел од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите со бранителот на трофејот Баерн Минхен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа