Предраг Даниловиќ избоден со нож во белградски ресторан
Претседателот на кошаркарскиот клуб Партизан и поранешен кошаркар Предраг Даниловиќ синоќа е прободен со нож во ресторан во Белград.
Даниловиќ веднаш по нападот бил пренесен во Ургентниот центар во свесна состојба. Тој не сакал да даде изјава за медиумите околу инцидентот ниту да открие било какви детали за напаѓачите.
Надлежните превземаат мерки за расчистување на случајот.
Според информациите од Србија, Даниловиќ бил прободен во стомакот, раката и главата, но е надвор од животна опасност. Тој утрово е опериран и се наоѓа во стабилна состојба.