ВИДЕО: Серена Вилијамс и Јелена Јанковиќ се скараа на тенискиот терен!
Познато е дека односите помеѓу Јелена Јанковиќ и Серена Вилијамс и не се баш најдобри, но никој не очекуваше дека тие вербално ќе се пресметат пред камерите на теренот.
Серена го доби дуелот прилично лесно (6:2, 6:2) Јанковиќ во вториот сет при резултат 5:2 требаше да сервира за предност, но пред да успее да сервира Серена се повлече наназад за да се накашла на што српската тенисерка ги изгуби нервите.
„Земи време колку што сакаш“ - викна Јанковиќ, коментирајќи саркастично.
„Пак ли истото Јелена“ - возврати Вилијамс, алудирајќи на две претходни средби на двете тенисерки каде се случи сличен инцидент, за потоа Јанковиќ да се пожали кај судијата.
Погледнете...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа