СДСМ: Немаме никаква врска со лажните некролози за Аџиев
Манипулации, ниска и приземна кампања, сплетки и подметнувања се дел од основните карактеристики токму на начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, рагираат денеска од СДСМ на соопштението на владејачката партија во врска со лажниот некролог за измислената смрт на Аџиев.
-Срамно е ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ и што сака да обвинува други. СДСМ нема никаква врска со лажните некролози и очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните на Република Македонија за овие подметнувања, се вели во реакцијата од СДСМ.
Дополнително, се вели во соопштението, и укажуваме на власта дека ваквите подметнувања и измислувања нема да ги сокријат разобличените милионски станбени, тендерски и коруптивни афери што водат до врвот на Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа