Македонски рекорд на ЗОИ во Сочи

 

Антонио Ристевски го постигна најдобриот резултат на еден македонски скијач на Зимските олимписки игри, откако го освои 29.место по двете слаломски трки во Сочи. 

Македонецот по првото возење беше на 56.позиција, а по втората трка направи скок од 27 места. Вкупното време за нашиот скијач е 1:58.44 или 16.6 секунди побавно од победникот Марио Мат.

Добриот резултат на Ристевски е последица на долгогодишната напорна работа на Антонио Ристевски и неговиот тренер Иван Лесевски, кои најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со уште понапорни тренинзи и нови докажувања.

 

Австриецот до златниот медал стигна со вкупно време 1:41.84.

Сонародникот на Мат, Марсел Хиршер со 28 стотинки послабо време се најде на втората позиција.

23.02.2014 - 10:18
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега