Големата Барселона на колена во Скопје
Македонскиот вицешемпион Металург ја совлада големата Барселона во мечот од последното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите. Металург по 60 минути игра славеше со 31:29. Најпреизен во нашиот тим беше Лука Циндриќ со 7 голови, а Вугринец и Миркуловски постигнаа по 6 гола.
Голм учинок во победата на Металург имаше голманот Никола Митрески а добра партија имаше и Дарко Станиќ.
И ред оваа победа Металург го имаше осигурнано третото место во групата Ц, каде четврти е Вардар. И двете македонски екипи одат во осмина финалето каде ги чекаат првите, односно второпласираните екипи од останатите три групи. Противниците ќе ги дознаеме по жребпката во вторник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа