Лазаров: Сакавме да победиме но сега ни останува само да честитаме

Во духот на голем спортмен, Кире Лазаров им ја честиташе победата на играчите на Металург. 

„Мeталург имаше ден, дојдовме да победиме, но тоа не се случи. Нашата цел ја остварвме, први сме во групата. Една битка изгубивме. Треба да се биде искрен, да се честита и да се насочиме кој она што ни следи, четвртфинале, осмина финале и дај Боже понатаму.

Знаевме што не очекува, спора и паметна игра на Металург. Тоа и се оствари, не фати нервоза бркавме цело време што е тешко против екипа која знаеше што сака. Од ова ќе извлечеме поука, не сме разочарани, ќе бидеме помотивирани и ќе работиме напорно да ја оствариме целта.“ - изјави Лазаров на прес конференцијата по мечот

23.02.2014 - 20:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега