Во Собранието планирани седници на пет комисии

 

Денеска во Собранието на Македонија ќе се одржат седници на пет комисии на кои на дневен ред се повеќе законски измени по скратена постапка.

Ќе расправа Комисијата за финансирање и буџет по измените и дополнувањата на речиси 20 закони меѓу кои и на Законот за акцизи, Законот за субвенционирање на станбен кредит, Законот за хартии од вредност, Законот за државна ревизија, Законот за супервизија на осигурувањето, Законот за Народна банка, Законот за стокови резерви....

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се измените на седум закони по скратена постапка како што се Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за спречување и заштита на дискриминација, Законот за вработување во случај на невработеност, Законот за социјална заштита....

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги разгледа предложените измени на осум закони. Меѓу нив на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, на Законот за шумска и ловна инспекција, на Законот за шуми...

Членовите на Комисијата за локална самоуправа ќе дебатираат за измените на Законот за рамномерен регионален развој и на Законот з Државниот инспекторат за локална самоуправа, додека на дневен ред на Законодавно-правната комисија се измени на повеќе закони по скратена постапка. 

24.02.2014 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега