Се пејат мрсни песни: Која е симболиката Коледе и колерадите?

 

Коледе и Бадник се значајни празници во македонската традиција, тесно поврзани со прославата на Христовото раѓање на Божиќ. Иако Коледе нема големо верско значење, тој е длабоко вкоренет во народните обичаи и се одбележува на 5 јануари, ден пред Бадник.

Вечерта спроти Бадник, коледарите палат коледарски огнови, пеат песни, играат и пијат топла ракија, со цел да ги „бркаат“ злите духови од земјата.

На самиот Бадник, децата одат од дом во дом на соседите, чукаат на вратите и пеат коледарски песни. Домаќините ги наградуваат со колачи, костени, ореви, јаболка и ситни пари.

Во различни делови на Македонија, обичаите имаат свои варијации. Во Велес, на пример, се пеат т.н. „мрсни“ песни со еротска содржина, што е традиција која продолжува и покрај одредени осуди.

Суштината на Коледе и Бадник е во навестувањето на раѓањето на Христос, а обичаите поврзани со овие празници се длабоко вкоренети во македонската култура и се пренесуваат од генерација на генерација.

06.01.2025 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега