Надал победи на турнирот во Рио де Жанеиро

Откако во финалето го победи Украинецот Александар Долгополов шпанскиот тенисер Рафа Надал ја освои титулата на турнирот во Рио де Жанеиро.

Надал забележа победа во два сета 6:3, 7:6, и ја освои својата 62-ра титула во кариерата.

Шпанецот со победата во Рио ја продолжи неверојатната серија во Бразил, каде во досегашната кариера нема пораз.

Турнирот во Рио се играше за награден фонд од 1.209.770 долари.

24.02.2014 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега