Нови компликации со здравствената состојба на Шумахер
Процесот за будење на Шумахер е прекинат поради компликациите кои настанале поради постепеното будење од вештачки предизвиканата кома.
М инатиот месец лекарите од болницата во Гренобл, во која е сместен седумкратниот шампион на светот во Ф1 после несреќата во Франција, почнаа со бавен процес на будење.
Иако имаше и добри знаци, сепак медиумите пишуваат дека почнале да се случуваат некакви компликации, поради кои будењето од кома е прекинато.
Засега не се знае кога ќе продолжи овој процес, а семсјтсвото на Шумахер упати апел до медиумите и јавноста за разбирање зошто не сакаат да обелоденуваат медицински детали за закрепнувањето на легендарниот спортист.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа