ДУИ со последен апел до ВМРО-ДПМНЕ: Ако не биде по наше не одиме на избори
Владејчката ДУИ упати последен апел до коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за идејата на престојните претседателски избори да излезат со консензуален кандидат, јавува провладината Алсат М.
„Ако се отфрли тоа значи дека Македонија во наредните пет години ќе има претседател кој ќе биде неприфатлив за една третина од населението. Ние сме принудени да го браниме достоинството на Албанците, нивната волја и да не дозволиме да му дадеме лажен легитимитет на еден претседател“, вели за Алсат Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Од ДУИ не ја отфрлаат можноста да побараат и предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
„ДУИ најсериозно ја разгледува можноста и за предвремени избори за да се ослободи простор и целата енергија на општеството да се фокусира на решавање на спорот за името“,вели Османи за Алсат
За разлика од ДУИ ДПА веќе објави дека на престојните претседателски избори ќе истрча со свој кандидат што значи дека без разлика на тоа како ќе се постави партијата од Мала Речица, на изборите во арпил, кандидат за претседател од албанското малцинство во Македонија сепак ќе има.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа