Еве со кого ќе се судрат Металург и Вардар во осмина финалето од ЛШ

 

Македонските ракометни претставници во ЛШ Металург и Вардар, ги добија противниците во осминаиналната фаза, во извлекувањето кое се одржа во Виена. Вардарци ќе се пресметаат против европскиот шампион Хамбург, доека Металург силите ќе ги одмери против данските учесници Колдинг. 

Двојките за другите шест 1/8финални пресметки се: Висла - Веспрем, Мотор Запорожје - Кил, Алборг - Барселона, Горење - ПСЖ, Цеље - Флензбург и Киелце - Рајн Некар Ловен.

Првите натпревари се закажани за 19 до 23 март, додека реваншите ќе се играат од 26 до 30 март.

Македонските претставници првите две средби ќе ги играат на домашен терен поради послабиот пласман во групната фаза од своите противници.

25.02.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега