Приказната за моќните скопски навивачи стигна до Хамбург

Вардар дефинитивно ќе биде непријатен противник за европскиот првак Хамбург, а тоа го истакна и првиот стратег на Германците, Маркус Рудолф, во пресрет на мечот со македонскиот шампион во 1/8 финалето од ракометната ЛШ. 

Сепак, Рудолф изјави дека се радува што за првпат ќе играат во прекрасниот амбиент во Скопје.

-Никогаш не сме играле против македонска екипа, но знаеме за чудесната атмосфера што ја прават навивачите во Скопје. Искрено ја посакувавме Висла Плок, но ете немавме среќа и ќе играме со Вардар. Македонскиот шампион има искусен тим, игра одлично, а тоа го покажа во првиот круг од натпреварите. Познавам доста ракометари што дојдоа од руските екипи, но ние сме европски шампиони и секаде одиме на победа. Искрено ние во реваншот не можеме да направиме таква атмосфера. Во секој случај ова ќе бидат два многу тешки натпревари за нас, изјави претставникот на Хамбург на ждрепката во Виена Маркус Рудолф.

Превземено од rkvardar.mk

25.02.2014 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега