Јувентус си заработи казна од 25.000 евра
Клубот Јувентус си заработи казна од 25.000 евра поради навредливи транспаренти кои нивните навивачи ги истакнаа во градското дерби со Торино.
Оваа казна ја добија најмногу поради два нималку пристојни транспаренти „Кога летам со авион, мислам на Торино’’ и „Тоа е само судар’’, со кои навивачите на Јувентус алудираа на авионската несреќа од 1949 година која ја имал тогашниот тим на Торино.
Имено, на 4 мај 1949 година враќајќи се од Португалија по пријателскиот натпревар си Бенфика, во авионската несреќа настрадале 18 фудбалери, клупски претставници на Торино како и неколкумина новинари кои го следеле натпреварот.
Ова не е прва казана за Јувентус за вакви транспаренти, кои биле составен дел од „кореографијата„ на дербито со Торино и пред две години, за што Јувентус тогаш беше казнет со 10.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа