Исплатени 116,5 милиони денари субвенции за одгледување говеда
Министерството за финансии исплати 116,5 милиони денари субвенции на 6.112 сточари за одгледување говеда. Финансиската поддршка за одгледување говеда изнесува 2.800 денари по грло.
Исплатени се субвенции на сточари кои одгледуваат говеда низ цела територија на Република Македонија, информираат од Министерството за финансии.
Владата на Република Македонија, стои во соопштението од Министерството, со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.
26.02.2014 - 09:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа