Повеќе гледан Металург отколку Вардар во ЛШ
Досега се одиграа 120 мечево во фазите во групи во ракометната ЛШ, а на сите нив вкупно присуствувале 441820 гледачи. Ова значи дека во просек, 3681 гледач присуствувал на еден меч.
За најпосетени се сметаа дуелите во нашата Ц група, во кои играа двата македонски претставници Металург и Вардар.
Најмалку посетени беа мечевите во групата Д.
Металург и Вардар се најдоа на листата на првите пет тима со најмногу фанови на столчињата во салите, во периодот од фазата во групи.
Најмногу беа следени средбите на Кил, пред Загреб и Металург, Вардар и Динамо Минск. Најмалку, пак, посетители имаше на натпреварите на Халмштад, Горење Велење и Порто.
За Металург во тект на десетте одиграни мечеви го посетиле 33.352 фанови, односно во просек 6670 по натпревар, додека Вардар бил следен од 32.789 фанови односно во просек од 6558 во еден меч.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа