Ништо од договорот меѓу Вардар и Лацковиќ
Хрватскиот репрезентативец Блаженко Лацковиќ по се изгледа нема да се договори со управата на Вардар за да го облече црвено-црниот дрес. Лацковиќ кој дојде во посета на Скопје не успеа да најде заеднички јазик со управата на Вардар, а до пречка во договорот билефинансиите. Имено играчот на ХСВ барал плата идентична на онаа која во моментов ја има во германскиот состав, пишува „Balkan-handball“.
Неговите побарувања од страна на македонскиот тим биле оценети како превисоки по што преговорите биле прекинати.
Во секој случај, Вардар и Лацковиќ сезонава ќе се сретнат уште два пати и тоа во ТОП 16 фазата од Лигата на шампионите. Како што е познато Вардар ќе игра против Хамбург, каде што настапува овој хрватски ракометар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа