ВИДЕО: Погледнете во внатрешноста на музејот на Кристијано Роналдо
Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо реши да отвори сопствен музеј во неговиот роден град на островот Мадеири, Португалија.
Овој музеј беше отворен во декември минатата година, Роналдо го посветил на својот живот и успесите, а во него се наоѓа секој трофеј кој некогаш го освоил, од тој што му беше доделен како најдобар играч на локалниот тим Андрохин кога имал осум години, до Златната топка на Фифа од 2013 година, која ја добил како најдобар играч на светот.
Во првите месец дена по отворањето на музејот го посетиле повеќе од 10 илјади посетители.
Погледнете како излегда музејот „ Кристијано Роналдо“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа