Ѓуровски го враќа Попов во репрезентацијата

 

Новиот фудбалски селектор на Македонија Бошко Ѓуровски, една од приоритетнит задачи ќе му биде да го врати во националниот тим Горан Попов, за престојниот меч против Летонија, пренесува спорт.ком.мк. Летонците ќе бидат првиот предизвик на Ѓуровски откако тој ја презеде клупата на 1 јануари годинава. 

Негова цел сега ќе биде да ја смири топката со Попов, кој пак имаше одредени несогласувања со челниците од Фудбалската федерација. Тој беше исфрлен од националниот состав по мечот со Хрватска на домашен терен во квалификациите за пласман на СП во Бразил. 
Тој заедно со Ристиќ предвреме ја напуштија „базата“ на репрезентацијата и од тогаш повеќе не се дел од најдобрата селекција.  
Веројатно е дека Попов ќе се смири со раководството и веќе е најавено неговото присуство во петок во Скопје. 

„Горан Попов е еден од најдобрите македонски фудбалери. Знам дека имаше одредени проблеми, меѓутоа сметам дека сега е момент да му пружиме рака и да ги надминеме сите тие несогласувања на сметка на репрезентацијата. Тој го заслужува дресот на Македонија. Ниту тој ниту другите не играат за федерацијата, за Ѓуровски или за некој друг, туку за Македонија“, изјави Ѓуровски за враќањето на Попов во дресот со државниот грб...

 

27.02.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега